Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Виничките теракотни икони во Шпанија

Теракотните икони од Виничкото кале оставија свој белег во Кордоба, Шпанија.
Големите уметничко-историски експонати заживуваат со голем експресивен живот кога се изложени во голема културна средина.

Нашите теракотни икони беа изложени во Кордоба, Шпанија еден од бисерите на Андалузиско – Шпанската култура и историја. Пред самиот крај на изложбата „Cordoba and the Christian Mediterranean between Constantine and Justinian" вработени од музејот Теракота присуствуваа на изложбата која доживеа голем успех и посетеност од страна на голем број туристи од сите делови на светот. Покрај оригиналните артефакти од Тунис, Ватикан, Картагина, Малага, Кордоба, нашите икони како единствени од својот вид се вклопија во големата светска изложба посветена на Кордоба и Христијанскиот Медитеран од времето на Константин и Јустинијан. Изложбата содржи 200 археолошки дела, кои вклучуваат елементи од архитектура, саркофази, надгробни споменици, мозаици, скулптури, накит, гробни предмети, теракоти и литургиски предмети позајмени од големите меѓународни и национални музејски институции.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk