Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието на деца и возрасни

Со потпишувањето на договорите за тутори и консултант во општина Виница се започнува со реализација на проектот „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието на деца и возрасни”, финансиран во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„ врз основа на кој е склучен со договор помеѓу Општина Виница и Совет на Европа, бр. 10-77/2 од 31.01.2023 година.

Во рамките на акцијата ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на ученици Роми од ОУ „ Славчо Стојменски” – Виница и ОУ „Гоце Делчев” – Виница, во учебната 2022/2023 година (април - јуни) и 2023/2024 година (септември - декември) и тоа за учениците од 2ро, 3то и 4то одделение кои покажуваат послаби образовни резултати како последица од наставата во далечина за време на пандемијата.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk