Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

21-ви март Денот на пролетта

21-ви март Денот на пролетта во нашиот град се одбележа со многу спроведени еко акции на неколку локации. Дечињата од детската градинка “Гоце Делчев” дефилираа по главната улица, пеејќи песни за пролетта.

Во основните училишта ООУ „Гоце Делчев”, ООУ „Славчо Стојменски”и подрачното училиште во с. Лески, ООУ „Никола Парапунов” с. Драгобраште и подрачното училиште с.Пеклани, ООУ „Кочо Рацин”- Блатец, се организираа акции во чистење на училишните дворови, засадување на цвеќиња, фарбање на клупи и други дрвени површини, едноставно можеше да се почувствува пролетта секаде.
Општинската администрација, Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, членови на Интерсекторска група за родова еднаквост, ЈКП Солидарност, Здружение на пензионери, Здружение на жени „Златно доба” и ученици од машинската струка СОУ “Ванчо Прке” - Виница, спроведоа пролетни еко акции на неколку локации, и тоа на Виничко Кaле, Градскиот парк, Светиот Крст, во с. Лески и во с. Блатец.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk