Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

ФА "КИТКА" од Истибања на меѓународните фестивали 2 CIOFF

За поздрав е учеството на Фолклорниот Ансамбл "КИТКА" од Истибања на меѓународните фестивали 2 CIOFF при УНЕСКО, кои се одржаа во градот Агриџенто во Сицилија, Италија.

Од 03 март до 14 март Фолклорниот Ансамбл "КИТКА" од Истибања учествоваше на два меѓународни фестивали во Агриџенто:
- 20-ти "ДЕЦАТА ОД СВЕТОТ";
- 75-ти "ЦВЕТААТ БАДЕМИТЕ"
Македонија за прв пат беше поканета и тоа преку Фолклорниот Ансамбл "КИТКА" од Истибања. На фестивалите зеле учесто претставници на 68 земји од светот. Фестивалските настапи се одржале во театарот, конгресниот центар и низ плоштадите во Агриџенто. Покрај настапите биле реализирани и придружни манифестации, на кои децата од светот се претставувале на својот мајчин јазик, пееле песни за мирот и пренесувале пораки за мирот.
Стојко Митковски, претседател и уметнички директор на Фолклорниот Ансамбл "КИТКА" од Истибања, со голема радост ни раскажуваше за настапите на своите два ансамбли, кои на фестивалите се претсавиле со автентични обичаи, песни и ора од регионот на Истибања. Посебна гордост му претставува тоа што успеале да го свртат вниманието на стручното жири, а двата ансамби да бидат прогласени за лауреати. Многу селектори од други врвни фестивали им понудиле учество за во наредниот период.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk