Сите вести
17-ти март Ден за Црвениот крст на Република Македонија
- Hits: 265
Во просториите на Општинската организација на Црвениот крст од Виница денес се одржа свечено одбележување на Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во Република Македонија.
17-ти март е значаен ден за Црвениот крст на Република Македонија, датум кој го одбележува постоењето а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време. 17-ти март е воедно и Ден на крводарителството во Република Македонија, кога изразуваме благодарност кон армијата на хумани луѓе кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи.
Општинска организација на Црвениот крст од Виница, децении наназад е водечка организација во дарувањето крв на ниво на Република Македонија.
На свеченото одбележување се обрати секретарот на Општинската организација на Црвениот крст од Виница Кирил Цоневски како и волонтери кои споделија дел од нивното искуство. Секретарот ги поздрави волонтреите и порача дека “Државата која што има ваква младина не треба да се плаши за својата иднина”.
Настанот беше проследен со доделување благодарници на крводарители кои дарувале крв по 150, 100, 75 и 50 пати и благодарници за организација и постигнати резултати во крводарителство, за покажаната хуманост и солидарност.