Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Тодорови трки

После 3 години пауза поради пандемијата со корона вирусот, оваа година ќе ја продолжиме една од најмасовните спортско-рекреативни манифестации во Виница. Согласно календарскиот датум оваа децениска манифестација е поврзана со одбележувањето на верскиот празник Тодорова сабота и оваа година Тодоровите трки ќе се оддржат во сабота на 4-ти март на Градскиот стадион во Виница. 25 дисциплини на кои очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, пензионерите од „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста. За првите три места во секоја дисциплина ќе има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk