Сите вести
Ден на ослободувањето на Виница
- Hits: 744
Како дел од програмата на Општина Виница по повод 30 Август денот на ослободување на Виница беше и презентацијата на воена опрема на Армијата на Република Македонија.
На овој настан Претседателот на ОРОРМ, Гоце Георгиев за особен придонес во развојот и унапредувањето на организацијата на резервни офицери, додели благодарници и значки на претставниците на Армијата - бригаден генерал Сашко Лафчиски, полковник Стојанче Костов, постар водник 1 класа Димитар Јанев, постар водник 1 класа Владо Митев и на Градоначалникот на општина Виница, Миле Петков.