Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Дводневна посета од Банско - Бугарија

Во дводневна посета на Општина Виница беше Градоначалникот на збратимената општина Банско од Република Бугарија, Иван Кадев. Тој беше придружуван од заменик градоначалникот Сашка Вчкова, претседателот на општинскиот совет Костадин Загорчин и началничката на одделението за јавни набавки и проекти Цветанка Обецанова.

Целта на средбата е координација за проекти за меѓугранична соработка како дел од ЕУ фондовите со кои проекти Општина Виница и Банско заеднички ќе аплицираат. За време на оваа посета делегацијата од Банско оствари и средба со бизнис секторот во Виница, го посети музејот Теракота и Виничини центар за развој и прогресивна академија која е единствена верифицирана академија за извршни менаџери во Македонија.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk