Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

На 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, остварена е средба со преставници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ - Виница и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков. На оваа средбата е разговарано за нивното работење, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.

Градоначалникот Миле Петков на ЦПЛИП „ПОРАКА“ - Виница им вети безрезервна морална и финансиска поддршка во рамки на можностите на Општина Виница. Истовремено вети дека овој месец ќе го посети и Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост во Виница каде моментално во тек е изградба на сензорна соба за деца со посебни образовни потреби.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk