Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Одговор на јавниот повик

Одговор на јавниот повик упатен до мене во врска со депонијата во близина на с.Лески.
Почитувани граѓани на Кочани кои го испративте јавниот повик, почитувани сограѓани на општина Виница, најпрво да Ве известам дека конечно ја пронајдовме Одлуката за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување на временските локации за отстранување на отпад до периодот на изградба на Регионалната депонија за источниот и североисточниот регион, донесена врз основа на член 144 став 3 од Законот за управување со отпадот.

Со оваа Одлука донесена од Владата на РМ излезена во Службен весник на РМ бр. 184/2021 на 6 август 2021 година, во член 2, меѓу наведените постојни локации за остранување на отпад и дислокации на нестандардирани депонии е ставена и депонијата во близина на с.Лески.
Во истата одлука е наведено и дека комуналниот отпад од општина Виница до изградба на Регионалната депонија во општина Свети Николе ќе се отстранува на временската локација м.в. ,,Тупанец“ во општина Кочани. Веднаш како општина Виница пративме допис до надлежното министерство и во координација со пратеничката во Собранието на РМ Даниела Христова договоривме да постави и пратеничко прашање на првата седница за пратенички прашања.
Откако ќе добиеме било каков одговор од Министерсвото за животна средна или Владата на РМ зошто веќе не се постапува по нивната Одлука oд август ќе ја известиме јавноста. Во меѓувреме со промена на локална власт во Виница и веднаш по моето стапување на функцијата Градоначалник и назначувањето на ВД Директор на ЈП Солидарност, на депонијата во с.Лески речси постојано интервенираме со механизацијата на ЈП и повремено интервенира и ТППЕ Виница.
Исто така договоривме и со поголема механизација од надвор веќе од овој викенд да се рамни депонијата и истата да се затрупува со земја се со цел доколку се пролонгира дислокација на депонијата да превземаме и други мерки.
Наредните мерки кои ќе следат доколку Владата не започне да ја реализира својата Одлука за дислокација на депонијата и отстранување на отпадот ќе биде третирање на депонијата со природни алги по примерот со депонијата во Кочани со средства на општина Виница.
Чистата животна средина и чистиот воздух немаат цена, затоа нашиот ангажман за овој проблем кој ги тишти жителите на с.Лески, градот и цела општина Виница, но и поширокиот регион, е максимален.

Со почит,
Миле Петков, Градоначалник на општина Виница.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk