Сите вести
Истибанско здравоживо 2015
- Hits: 2488

Општина Виница Ве поканува на Истибанско здравоживо. Во продолжение можете да ја прочитате програмата
Балканско првенство во одбојка на плажа
- Hits: 1224

Балканско првенство во одбојка на плажа, мажи и жени под 22 години, ќе се одржи од 14-16 август 2015 година, на плоштадот Ангел Винички во Виница. Во него ќе земат учество Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Грција, Романија, Србија и Турција.
Локална стратегија за климатски промени
- Hits: 1414

Локалната стратегија за климатски прмени се однесува за временски период од 2015-2025 година. Предмет на стратегијата е да се утврдат вредностите на заедницата (општината) кои се директно или индиректно афектирани од климатските промени, потоа да се утврдат мерките, условите, начинот и динамиката на реализација на стратегијата, како и определување на обврските на органите на локалната самоуправа и другите чинители, засегнати страни. (симни)
Конкурс и фотографија на тема „Вода за живот“
- Hits: 2653

Конкурс за избор на најдобра фотографија и цртеж на тема „Вода за Живот“Проектот за управување со речниот слив на Брегалница чија главна цел е подобрување на состојбата со водните ресурси во сливот на Брегалница и изработка на План за управување со речниот слив, објавува конкурс за избор на цртеж и фотографија на тема “Вода за живот“, што всушност претставува слоган под кој се реализира проектот.
Отворени денови за граѓаните
- Hits: 1417

На ден 11.03.2015, во зградата на Општина Виница, во просториите на АФПЗРР (приземје) ќе се одржат „Отворени денови за граѓаните“, на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. На средбата граѓаните ќе се запознаат со начинот за доставување на барања за користење на финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година.