Сите вести
Жителите од десетина улици во Виница наскоро ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија, чија реконструкција започна пред десетина дена
- Hits: 1436
Жителите на Булеварот „Маршал Тито“ и на уште на 10-на улици во Виница во следните неколку месеци ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија. Реконструкцијата со исфрлање на старите азбестни цевки започна минатата недела и се работи етапно како што е најавено, вели градоначалникот Димитров.
Украинската амбасадорка Задоружњак во работна посета на Виница
- Hits: 1378
Украина и Македонија се докажани пријателски држави. Украинската амбасадорка г-ѓа Наталија Задорожњук од Виница испрати гласна подршка за влез во НАТО, и за старт на преговорите со ЕУ, но најави интензивирање и на регионалната соработка помеѓу двете збратимени општини. “Украина и Македонија се докажани пријателски држави. Ние добро соработуваме, немаме отворени прашања.
17 години од загинувањето на капетан Кирчо Димитриов
- Hits: 1401
На 4 март 2001 година на преслапот Рамно, воено моторно возило марка од АРМ нагазило на противтенковска мина. Загинаа капетанот Кирчо Димитриов од Виница и војникот Дејан Јакимовски од Куманово. Само петнаесет минути подоцна, во реонот на караулата Танушевци, од снајперски истрел, животот го загуби војникот под договор Теодор Стојановски од Драчево, припадник на Единицата за специјални намени „Шкорпинони“. Кирчо имаше - 33, Дејан - 26, а Теодор - 24. Тоа беа првите жртви во воените дејствија во Македонија 2001.
Ќе се работат акциони планови за подобар живот на старите лица
- Hits: 1518
Старите лица во фокусот на новиот проект на невладината ИНИ “За подобар живот“, проект со кој треба да се изготват локални акциони планови за социјална инклузија на старите лица во општините Виница и Македонска Каменица.
Нова водоводна линија за жителите во с.Грљани
- Hits: 1521
Жителите на маало Трајановци во село Грлани, деновиве очекуваат решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето. Локалната власт работи на спроведување на нова водоводна линија во должина од 1500 метри од маало Стаменковци до маало Трајановци со која ќе се овозможи и овие неколку семејства во 21 век да имаа вода во своите домови.