Сите вести
Реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Григор Прличев“ во Виница
- Hits: 243

Градоначалникот Миле Петков изврши увид на работата на ЈП „Солидарност“ Виница, кое започна со реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Григор Прличев“ во Виница.
Отчет за 100 дена Градоначалник
- Hits: 785

Почитувани сограѓани,
Ова е само почеток, ова се само 100 дена од четирите години кои ми ги доверивте да ја водам општина Виница и да ги исполнам ветувањата кои Ви ги дадов.
Периодот што следи ќе работиме на урбанизацијата, на подобрување на патната инфраструктура, подобрување на условите за работа на училиштата, на енергетска ефикасност и животната средина.
Силно ќе работиме сето тоа што го ветивме во целост да ги реализираме. Заеднички да остваруваме победи, сите заедно да создаваме нова иднина!
ЧЕЛИМ од Милано - Италија во посета на Виница
- Hits: 263

Денес претставници на ЧЕЛИМ од Милано Италија на чело со господинот Давиде Рафа беа во посета на Ромско Маало да направат увид на лице место во имлементацијата на проектот "Обезбедување на пристојни услови за домување за Ромската заедница во општина Виница".
Обезбедување на пристојни услови за домување за Ромите во општина Виница – СДХ
- Hits: 463

Општина Виница е партнер во реализацијата на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за Ромите во општина Виница – СДХ“.
Во рамките на активностите на овој проект општината беше посетена од страна на претставници од Здружението за поддршка на маргинализирани заедници – Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) која е невладина и непрофитна организација која работи на унапредување на квалитетот на животот и статусот на ромската заедница .
Доделување благодарници и вредносни ваучери за младите кик-боксери и каратисти од општина Виница
- Hits: 393

Голема чест е да се доделат благодарници и вредносни ваучери за младите кик-боксери и каратисти од општина Виница. Младите кик-боксери Иле Леков, Лука Змејковски, Анастасија Андонова и Ангелина Стојковска беа вистински репрезенти на Виница за 2021 година на спортски план, постигнувајќи врвни резултати во кикбоксот и освојувајќи многу пехари и медали.