Сите вести
ПОСЛЕ СВ.ЛУКА, ВО ИСТИБАЊА ОСВЕТЕН И ХРАМОТ СВ.СТЕФАН
- Hits: 1166
Православните верници од Виница и Истибања од вчера имаат ново духовно седиште, после една деценија во изградба, комплетиран и осветен новиот храм посветен на “Св.првомаченик и архиѓакон Св.Стефан“.
ЗА ЕДНА ГОДИНА МАНДАТ-ПОВЕЌЕ ОД 225 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ИНВЕСТИЦИИ
- Hits: 1377
8 милиони денари е сумата која општина Виница преку Светска Банка ја обезбеди за асфалтирање на локален пат кој ги поврзува селата Трстија и Една година после доаѓањето на градоначалничката функција, Ивица Димитров денес со конкретни бројки и факти, даде отчет за сработеното пред медиумите, советниците, раководителите, и пред своите сограѓани“.
AСФАЛТИРАН ЛОКАЛНИОТ ПАТ ТРСТИЈА- ГРЛАНИ
- Hits: 1170
8 милиони денари е сумата која општина Виница преку Светска Банка ја обезбеди за асфалтирање на локален пат кој ги поврзува селата Трстија и Грлани. - “Со овој патен правец завршуваме со асфалтирање за оваа година, последниот проект кој го реализираме преку Светска Банка после Филтер станицата во Трсино и фотоволтаичните панели во училиштето, е патниот правец од село Трстија преку маалата Петревци и Бељовци до школото во село Грлани.
Виница слави 25 години Ин Виница Веритас
- Hits: 1200
Да се возобнови ѕидот на смеата за кој во 1995 година пишуваа и светските медиуми, ѕидот стана препознатливо обележје на првиот Фестивал за хумор и сатира во Македонија “Ин Виница Веритас“ Фестивал кој долги години беше подзаборавен, но повторно беше возобновен во 2009 -та година, и продолжува да ги исполнува очекувањата на домашната виничка публика која бројните гости актери досега ја имаат рангирано со највисоки оценки. Оваа порака од бината на Фестивалот ја испратија првите иницијатори и основачи на првиот хумористичен настан во Македонија кои пред 25 години ги испишаа првите страници од Ин Виница Веритас, а таа нивна заслуга го доби и највисокото признание од општината и Домот на културтата “Тошо Арсов“. Градоначалникот Ивица Димитров плакети за “25 години Ин Виница Веритас“ врачи на: Благој Лазаров (тогашен претседател на Собрание), Мирхад Јусрефовски, Ѓунер Исмаил(тогашен министер за култура), Миле Бојаџиски (постхумно), Иван Бојаџиски (новинар) и Миле Бојаџиски (сатиричар). Еве што порачаа основоположниците од виничката сцена.
Старата виничка куќа низ цртежите на Петар Намичев
- Hits: 1176
Преку 30 цртежи изработени во туш на хартија, виничани денес се потсетија на подзаборавената стара архитектура од куќите на бабите и дедовците, од која голем дел веќе и ја нема. Денес во просториите на Галерија “Венеција“ беше отворена првата изложба на цртежи од традиционалната архитектура од 19-ти и почетокот на 20-ти век под наслов “Виничка Куќа“, на која се претставени карактеристиките на типичната селска и градска куќа од тој период, прикажувајќи го притоа градскиот или селскиот амбиент со одредени примероци, како дел од градителското наследство.