Сите вести
Меѓуетничка интеграција на младите во образованието
- Hits: 408

Учениците од Виница организираа младинска акција, поддржана од Општина Виница и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум.
Регулација на коритото на Градечка река
- Hits: 443

Денес завршуваат градежните активности на Градечка река, во иднина планираме продолжување на регулација на коритото на истата.
Овие денови градежните активности ќе се префрлат на улиците Кирил и Методиј и Никола Карев кои ќе се асфалтираат, воедно и ќе се санираат ударните дупки во градот и населените места.
Филтер станицата во с. Трсино од вчера ставена во функција на жителите
- Hits: 1323
Жителите на село Трсино, маалата Максимци, Софинци, Саисци, од вчера можат да пијат здрава и квалитетно филтрирана вода за пиење. Филтер станицата во Трсино од вчера и официјално е пуштена во употреба. Со капацитет од 10 литри во секунда, инсталираната опрема комплетно ќе ги задоволува потребите на овие жители, кои со години имаа проблем со нечиста и бактериолошки загадена вода за пиење.
„Спортски асови 2018“, нова спортска страница за општина Виница
- Hits: 1207
Од синоќа општина Виница започна да пишува уште една нова страница во спортската историја на градот. Овој настан беше комплетна слика од најдоброто во спортот во нашата општина, но и мерило во која насока се движат амбициите и успесите на нашите клубови. Овој настан се организираше на иницијатива на градоначалникот Ивица Димитров, а во соработка со дел од спортската фела во Виница, во реализација на Комисијата за настани и манифестации во општината.
Општина Виница со грант од УНДП во висина од 33.000 евра работи на реконструкција на Интернатот во Блатец
- Hits: 1289
Седуммина ученици со посебни образовни потреби кои престојуваат во Интернатот во Блатец, наскоро ќе имаат комплетно нови и софистицирани услови за работа во единствената институција во регионот која нуди настава и престој за основно образование. Во тек е реконструкцијата на постоечкиот Интернат во Блатец, која според градоначалникот Ивица Димитров, се одвива во две фази: “Во тек е промената на дрвената столарија во Интернатот, по што ќе следува и нова фасада на зградата во чии состав е и Детската градинка.