Сите вести
Пристап и за лицата со телесен инвалидитет во ОУ „Гоце Делчев“
- Hits: 2723
Децата од центарот за згрижување лица со посебни потреби благодарение на новата пристапна рампа беа дел од свечениот чин на нивно постепено вградување во секојдневната настава , но и создавање услови и лицата со потешка попреченост во физичкиот развој да можат да ги следат активностите и програмата на училиштето.
Официјална посета на делегација од Општина Виница на збратимената Општина Орхангази, Република Турција
- Hits: 11544
По покана на гимназијата Уретмен Ејуп Топчу Анадалу од Орхангази и Градоначалникот на Орхангази во периодот 3-9 Ноември 2012 година се оствари официјална посета на делегација од Општина Виница составена од претставници на збратименото училиште СОУ „Ванчо Прке„ (директорот Зоран Ангелов, 5 наставници и 14 ученици) претставници од Локалната Самоуправа на Општина Виница (Вики Симова – советник за меѓународна сорабтка и ЕУ интеграции и Валентина Манчевска – соработник за образование), Игор Спасов - директор на на ЈКП „Солидарност„ и Славко Данев-директор на Дом на Култура „Тошо Арсов„.
Реконструкција на водоводна мрежа
- Hits: 3594

Министерството за транспорт и врски распиша јавна набавка за реконструкција на водоводната мрежа во Општина Виница која е стара повеќе од 30 години и е составена од азбестноцементни и поцинковани цевки со несоодветен профил. Истите необезбедуват адвекватен проток на вода соодветствен на потребите на населението. симни цела тендерска
Ќе соработуваат ловците од Виница и Бугарија
- Hits: 2518
Отварање на репродуктивен центар за диви свињи во Виница и репродуктивен центар за див зајак во бугарската општина Гоце Делчев, е проектот со кој ќе аплицираат двете општини на третиот повик за прекугранична соработка со Република Бугарија.
Добитник на националната награда за општествено одговорни практики за 2011 година во категоријата ЖИВОТНА СРЕДИНА кај големи претпријатија
- Hits: 2505
Макпрогрес ДОО Виница е добитник на националната награда за општествено одговорни практики за 2011 година, која е дел од проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, кофинансиран од Европската Комисија, а спроведуван од Министерството за економија, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението „Конект“, со цел промовирање на позитивните практики на општествено одговорно делување, како и унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Република Македонија во категоријата Животна средина кај големи претпријатија.