Сите вести
3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
- Hits: 437

На 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, остварена е средба со преставници на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ - Виница и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков. На оваа средбата е разговарано за нивното работење, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.
Триумф на Слога во Прилеп против двократниот шампион на Македонија
- Hits: 427

Триумф во Прилеп против двократниот шампион на Македонија, два пати вице-шампион, еднаш освојувач на Купот на Македонија и десет пати учесник во европските купови под капата на УЕФА, ФК Победа, е огромен успех за ФК „Слога 1934‘‘ - Виница!
Градежни активности на улиците "Кирил и Методиј" и "Никола Карев"
- Hits: 428

Во тек се градежните активности на улиците "Кирил и Методиј" и "Никола Карев". Овие две улици кои беа во лоша состојба ќе добијат нов слој асфалт. За нивна реконструкција во вкупна должина 430 метри одвоени се 2.822.638 денари(без ДДВ) од буџетот на општина Виница.
Ромактед фаза II
- Hits: 465

Вчера, во рамките на имплементацијата на програмата РОМАКТЕД Фаза II, заедничка иницијатива на Европската комисија и Советот на Европа, потпишав Меморандум за соработка помеѓу Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Општина Виница.
Снежно невреме
- Hits: 440

Паднати дрвја, одрони, затворен пат, оштетени и уништени автомобили е она што денес на лице место го видов на две локации во градот и една во с.Градец.