Сите вести
Отворен четвртиот Фестивал “ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“
- Hits: 2404
Со отворање на изложбата на карикатури од Меѓународниот конкурс за карикатури кој го распиша Домот на културата “Тошо Арсов“, започна четвртиот Фестивал на хумор и сатира “Ин Виница Веритас“.
Официјално беа прогласени најдобрите три карикатури избрани од жирито во состав: Веселин Зидаров (карикатурист), Миро Ѓорѓиевски (карикатурист) и Славко Данев (историчар на уметноста). Првата награда отиде во рацете на Александар Блатник од Србија, втората награда Валентин Георгиев од Бугарија и третата награда на Мирослав Геренчер од Хрватска. Фестивалот официјално го отвори градоначалникот Емил Дончев, а за фестивалот зборуваше карикатуристот Миро Ѓорѓиевски. Афоризми читаа Ристо Филчевски од Струмица, новинарот Иван Бојаџиски и Миле Ѓорѓиовски од Делчево.
Отварањето на фестивалот беше заокружено со настапот на актерите од Народниот театар во Штип кои ја одиграа претставата “Отварач за конзерви“.