Сите вести

Пристап и за лицата со телесен инвалидитет во ОУ „Гоце Делчев“

Hits: 2750

Децата од центарот за згрижување лица со посебни потреби благодарение на новата пристапна рампа беа дел од свечениот чин на нивно постепено вградување во секојдневната настава , но и создавање услови и лицата со потешка попреченост во физичкиот развој да можат да ги следат активностите и програмата на училиштето.

Градоначалникот Дончев прв го испроба лифтот кој е дел од овој проект, потенцирајќи дека создавањето на овие услови е во рамките на имплементацијата на акциониот план на општината за унапредување на правата на лицата со попреченост во развојот. Покрај лифт и пристапна рампа во функција се и адаптирани санитарни јазли за учениците. Сето ова се реализираше преку проектот „Прекугранична образовна мрежа за децата со посебни потреби“, аплициран на првиот повик од ИПА-3 програмата за прекугранична соработка со Бугарија. Водечки партнер во проектот е Центарот за развој на Источниот плански регион од македонска страна, додека од другата страна на границата, партнер е општина Гоце Делчев.
-Целосниот Буџет на проектот е 276.000евра, со тоа што буџетот е балансиран. 50% се наменети за општините од Источен плански регион, додека останатите 50% се за општина Гоце Делчев. Во овој проект се опфатени општините Штип, Виница, Пробиштип и Кочани - изјави Александар Николов од Центар за развој на Источно планскиот регион. За пристапната рампа,лифтот и санитарните јазли во ОУ„Гоце Делчев“ во Виница, се употребени околу 27.000 евра. Освен тоа, тие средства се наменети и за обуки на наставниците, преку кои ќе стекнат нови знаења за децата со посебни потреби, а со тоа би се подобрил и животот на тие лица. Финиширањето на меѓуграничниот проект со општина Гоце Делчев беше заокружено со свечена програма.