Сите вести

ФК „Слога 1934‘‘ - Виница

Hits: 489

Одличните резултати и делбата на првото место во Втората македонска фудбалска лига Исток беа повод за вчерашната средба на Градоначалникот со играчите, стручниот штаб и управата на ФК Слога 1934 Виница.

Градоначалникот Миле Петков им честита за досегашниот постигнат успех, а потоа им посака и вториот дел од сезоната да продолжат во исто темпо и да не израдуваат со прво место во лигата и со тоа за прв пат Слога да биде дел од Првата македонска фудбалска лига.
Од страна на Градоначалникот им беше ветено дека и наредната година општина Виница, како и до сега ќе го помага финансиски работењето на клубот.
Една и единствена ФК „Слога 1934‘‘ - Виница!