Сите вести

Триумф на Слога во Прилеп против двократниот шампион на Македонија

Hits: 515

Триумф во Прилеп против двократниот шампион на Македонија, два пати вице-шампион, еднаш освојувач на Купот на Македонија и десет пати учесник во европските купови под капата на УЕФА, ФК Победа, е огромен успех за ФК „Слога 1934‘‘ - Виница!

Успехот е уште поголем што е остварен и против директниот конкурент за Првата македонска лига, уште повеќе и што Слога е на чекор до есенски првак во Втора лига Исток.
Честитки момци и секоја чест! Продолжете и наредните два натпревари до зимската пауза со истото темпо, жар и борбеност, направете ја Виница горда!