Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Сите вести

Ќе соработуваат ловците од Виница и Бугарија

Отварање на репродуктивен центар за диви свињи во Виница и репродуктивен центар за див зајак во бугарската општина Гоце Делчев, е проектот со кој ќе аплицираат двете општини на третиот повик за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Двете ловни друштва “Сокол“ од Гоце Делчев и виничкото “Бел камен“ ја имаа првата средба во присуство на градоначалниците од двете општини и претставници од Источниот плански регион. Претседателите на ловните друштва разменија информации околу состојбата со дивечот на македонска и бугарска страна, капацитетите со кои располагаат и потребите за развој на друштвата и заштита на дивечот.
- Со општината Гоце Делчев успешно завршивме проект за обезбедување услови за децата со посебни потреби, сега ги воспоставуваме првите контакти помеѓу нашето и нивно здружение за подготовка на апликација која ќе ја понудат пред европските фондови, истакна градоначалникот Емил Дончев.
Градоначалникот на општина Гоце Делчев, Владимир Москов ја поздрави иницијативата потенцирајќи ја поддршката и од бугарска страна. Директорот на Центарот за развој на источниот плански регион Драгица Здравева истакна дека тоа се проекти со кои ќе се аплицира на третиот повик од прекугранична соработка со Република Бугарија.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk