Сите вести

Редовно чистење и одржување на депонијата во с. Лески до нејзина дислокација

Hits: 311

Ова беше едно моите ветувања во програмата 'Гарантираме' за која мнозинството граѓани на општина Виница ја дадоа поддршката.
И тоа ќе го реализираме!

Денес заедно со ТППЕ Виница бев на лице место на депонијата во с.Лески чијашто директна надлежност е на ЈП Солидарност.
Многу набрзо ќе го смениме менаџментот кој го остави СДСМ во Солидарност и со новиот директор и менаџмент овие слики повеќе нема да ги гледаме!
Се надеваме и на многу брзо дислоцирање на депонијата во с.Лески и конечно отварање на регионалната депонија во Св.Николе, проект кој беше започнат од претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ и кој за жал стагнираше овие 4-5 години.
Со новата Влада предводена од Проф. Д-р Христијан Мицкоски очекувам за 2-3 години депонијата да биде дислоцирана.