Сите вести

Добитник на националната награда за општествено одговорни практики за 2011 година во категоријата ЖИВОТНА СРЕДИНА кај големи претпријатија

Hits: 2534

Макпрогрес ДОО Виница е добитник на националната награда за општествено одговорни практики за 2011 година, која е дел од проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, кофинансиран од Европската Комисија, а спроведуван од Министерството за економија, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението „Конект“, со цел промовирање на позитивните практики на општествено одговорно делување, како и унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Република Македонија во категоријата Животна средина кај големи претпријатија.

Макпрогрес ДОО Виница ја доби првата награда за прокетот „РРР” – Редуцирај, Рециклирај, Реупотребувај – Стратегија за одржлив развој. Сето ова е само логично продолжение на заложбите и практиките кои претпријатието ги имплементира во своето работење. Големината на претпријатието, типот на производството, улогата и значењето во вкупното општествено и економско делување како и постојаното проширување на пазарите каде што се пласираат производите на Макпрогрес наметнуваат и сериозен и одговорен пристап во работењето. За таа цел покрај воведување на стандарди за производство кои се неопходни според актуелните прописи во државата, досега се имплементирани многу специфични стандарди кои ги наметнуваат државите во кои се извезуваат производите на претпријатието. Токму затоа производите на Макпрогрес може да се најдат над 30 држави на секаде во светот.
Глигор Цветанов – генерален директор на Макпрогрес ДОО Виница: „Задоволството е навистина големо, ова е само потврда и валоризација на се она што ние како претпријатие го правиме во изминатите години, но и голема одговорност и поттик за сите оние проекти кои ги подготвуваме во моментот, да истраиме и да ги довршиме до крај. Нашето претпријатие и досега во многу сегменти од општественото делување се покажало и докажало како оштествено одговорен субјект, тоа е преточено и во нашата мисија „Животот на современиот човек го збогатуваме со вкус и квалитет. Со совршениот баланс на традиција, квалитетни рецептури и суровини и најсовремената технологија придонесуваме за подобар живот на поединецот, локалната заедница и општество во целина”. Макпрогрес, спроведува низа мерки за намалување на влијанието врз животната средина и обезбедување на одржлив развој.
Резултатите од проектот „РРР” – Редуцирај, Рециклирај, Реупотребувај – Стратегија за одржлив развој се навистина охрабрувачки. Ефектите опфаќаат 20% намалување на комуналниот отпад, 15% редукција на емисија на CO2 и намалување на потрошувачката на електрична енергија за 10%. Сето ова е само потврда и практична примена на нашата Политика за заштита на животната средина која ни овозможува да сме поефикасни и поуспешни.“