Сите вести
Бугарската општина Трјавна, нов партнер на општина Виница за аплицирање пред европските фондови
- Hits: 2338
Фестивалот Ин виница Веритас беше зачетокот на средбата и соработката со бугарската општина Трјавна чии претставници беа и дел од свеченото отварање на фестивалот, а градоначалниците и со писмен документ ја потврдија желбата да ги продлабочат своите искуства во различни области.
“Не случајно на вториот ден на Фестивалот го потпишуваме овој договор. Симболиката е во тоа што минатата година се создаде ова пријателство. Нашата културна соработка започна, се надевам ќе продолжи во сите останати области, а пред се за почеток во делот на спортот“, истакна градоначалникот Дончев. Градоначалник на Трјавна:
- Културата, младите, спортот е она што ќе биде во фокусот на нашата соработка. Задолжително ќе работиме во зачувување на културното наследство, се разбира, ќе воспоставиме и сорабока на бизнис делегациите, и вие и ние имаме текстилна индустрија и индустрија за мебел. Во услови на економска криза знаеме дека имаме ограничени средства на располагање, а европските средства се важен инструмент во решавање на проблемите во областа на инфраструктурата.
- Ние сме членови и на Здружението на збратимени градови на Европскиот сојуз, јас се надевам дека и Виница наскоро ќе стане член на тоа здружение, а членството во него овозможува добивање на проекти директно од Брисел.
Градот Тријавна има 10 724 жители, на 250 км од Софија. Со клима која е поволна за лекување на белодробните заболувања. Градот има богато културно и историско наследство, историски, етно, музеи со иконостаси, со еден збор верен чувар на традицијата.