Сите вести

АСФАЛТИРАНА УЛИЦА ОД 450 МЕТРИ ВО С. ЈАКИМОВО

Hits: 1314

Најстарите жители во село Јакимово конечно начекаа да газат по асфалт. Вчера се асфалтираше една од најдолгите улици во селото во должина од 450 метри.
- Најстарата улица во Јакимово, после 60 години доби асфалт, со што го завршуваме тендерот предвиден за оваа година со средства од општинскиот Буџет, улицата е во должина од 450 метри, денес и утре очекуваме дека ќе биде завршена.

Паралелно продолжуваме со пробивање на патот од село Трстија преку маалата Петревци и Бељовци до школото во должина од 1800 метри, и во текот на оваа недела треба да почнеме да го асфалтираме и овој патен правец, рече градоначалникот Ивица Димитров.
Со оваа улица практично се заокружи тендерот од 10 милиони денари општински средства со кој се асфалтираа и реконструираа 2800 метри, од кои 1600 се во градот, останатите во селата.