Сите вести

МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА, РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИНИЦА

Hits: 1207

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска вчера ја имаше првата официјална работна посета на општина Виница. Работната средба беше во кабинетот на градоначалникот Ивица Димитров каде се разговараше околу повеќе актуелни локални прашања од интерес на граѓаните, како и околу можностите за финансирање на капитални проекти во општината од страна на Владата на РМ. Посетата на Виница, министерката ја искористи и за средби и разговори со пензионерите во кругот на манастирот “Св.Спас“ кои ја имаа третата регионална дружба во Виница.