Сите вести

ФК “Слога 1934“, победник на регионалниот турнир во Кочани

Hits: 1211

Младите фудбалери на “Слога 1934“ од генерацијата 2006г, уште еднаш ги докажаа своите афинитети на терен во борба со своите врсници. Како гости на регионалниот турнир по повод годишнината од ослободувањето на Кочани, и денот на независноста на РМ, повеќе од убедливо ги совладаа домаќините. Во првиот полуфинален натпревар “Слога 1934“ беше подобра од екипата организатор на турнирот “Кочани“ и славеше со убедливи 7:0, а додека во финалето, “Слога 1934“ со 4:0 ја совлада екипата на “Академија Младост-Тошев“. Со овој резултат, виничките слогаши по вторпат се закитија со пехар, потврдувајќи ги своите долгорочни амбиции да бидат на врвот. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Герман Илиев.