Сите вести

Во Виничко Лески се адаптира училница за ран детски развој

Hits: 1380

Со подршка на УНИЦЕФ, во подрачното училиште во с.Лески (Виница) во тек е адаптација на училница за ран детски развој која ќе работи исто како и градинките, според националната Програма за рано учење и развој која е базирана на стандардите за рано учење и развој. Центрите за ран детски развој претставуваат алтернатива на градинките во локални заедници каде нема детски градинки, пред сe селските средини.

Разликата помеѓу градинките и Центрите за ран детски развој е во тоа што Центрите за ран детски развој не обезбедуваат услуги за целодневна „грижа за детето“, овде децата не јадат и не спијат, туку имаат само организирана програма за рано учење и развој по два до три часа во денот. Градоначалникот Ивица Димитров кој денес беше на увид на тековните градежни активности рече: „Ние како општина аплициравме на повик на УНИЦЕФ кои го финансираат комплетното опремување на оваа училница со реновирање на просторот, мебел, дидактички материјал и обука за едукаторот, а ние како општина сме обврзани да обезбедиме средства за едукаторот. С.Лески е меѓу поголемите населени места кое сеуште нема градинка, и еве овој проект за ран детски развој ќе биде добредојден за родителите. Досега според нашите анкети, бројката на деца кои очекуваме да го посетуваат истиот се заокружува на 25“.