Сите вести

Жителите од десетина улици во Виница наскоро ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија, чија реконструкција започна пред десетина дена

Hits: 1479

Жителите на Булеварот „Маршал Тито“ и на уште на 10-на улици во Виница во следните неколку месеци ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија. Реконструкцијата со исфрлање на старите азбестни цевки започна минатата недела и се работи етапно како што е најавено, вели градоначалникот Димитров.

„Во изминативе десетина дена замената на старите азбестни цевки е завршена на Булеварот Маршал Тито, и со реконструкцијата продолжуваме и на останатите улици кои се планирани со оваа фаза од проектот. Согласно досегашната динамика во одвивањето на градежните активности, очекувам реконструкцијата да заврши во пократок временски период од планираните 9 месеци. Изведувач е Фирмата Коп-инженеринг, а инвестицијата е 6,5 милиони денари“, рече Димитров.
Старите азбестни цевки ќе бидат заменети на улиците: „Славчо Стојменски“, „Браќа Миладинови“, „Раде Кончар“, дел од Булеварот „Маршал Тито“, делови од улиците „Страшо Пинџур“, „Стив Наумов“, „Илинденска“, „Димитар Осоговски“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“ и „4-та Македонска Бригада“.
Во Виница вкупната водоводна мрежа е со должина од 42.5 км, а преку 60% е веќе реконструирана. Со овој проект 2018 година е предвидено да од употреба да бидат исфрлени 3960 метри азбестни цевки, а средствата се обезбедени од Европската инвестициона Банка, Миистерството за транспорт и врски и општина Виница.