Сите вести

Павлов ден

Hits: 2031

Почитувани, Општина Виница по повод празникот на градот Павловден организира свечена програма со која се предвидени културни настани во периодот 10-13 јули 2017 година.
По тој повод ни претставува посебна чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на настаните.

10.07.2017 година
- Концерт на етно состав Ајазмо
20 часот (плато пред Дом на културата Тошо Арсов)

12.07.2017 година
- промоција на проектот Регулација на речното корито на Виничка река
11 часот (паркинг простор на хотел Александар Парк)
- Виничко кале - најнови откритија
12 часот (Музеј Теракота Виница)
- Баскер фест - меѓународен уличен фестивал
19 часот (Детски забавен парк)

13.07.2017 година
- Литија и кршење на Славски колач
10:30 часот (Паракслис Св. Апостол Павле)
- Свечена седница на Советот на Општина Виница
11 часот (Сала за венчавки во општинската зграда)
- Поставување камен темелник на крстилницата и помошни простории на храм Св. Лука
12 часот (храм Св. Лука)
- Крводарителска акција
13 часот (Црвен Крст Виница)
- Баскерфест - меѓународен уличен фестивал
19 часот (Детски забавен парк).

Во очекување на Вашето присуство. Ви благодариме.