На ден 22 октомври, 2015 година, во Букурешт, Меморандум за соработка и разбирање склучија: Општина Виница и Општина Молдова Нова.
Со овој Меморандум се изразува желбата за воспоставување на соработка и разбирање помеѓу двете општини во духот на европското единство и идентитет како и за зацврствување на единството на европското граѓанство. Со меѓусебна соработка двете локални самоуправи ќе ги остваруваат заедничките поставени цели, ќе разменуваат мислење, идеи и искуства. Соработката на двете општини особено ќе биде насочено кон изработка и реализација на заеднички проекти, подржани со европските фондови.