Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Сите вести

Отворена градинката во с.Трсино, а догодина и во село Истибања

Старото руинирано училиште во с.Трсино сега е нова модерна зграда од 120 квадрати во која од денес предучилишна социјализација и едукација можаат да стекнуваат 30 деца од село Трсино.

Опремена според сите стандарди кои ги бара една предучилишна установа, во старт обезбедена со сите неопходни реквизити , новата градинка во с. Трсино, прва од ваков вид во руралните населени места официјално беше предадена во употреба викендов од страна на министерот за труд и социјала Диме Спасов, градоначалникот Емил Дончев и директорот Илија Јованов.
- Со овој проект се овозможени просторни услови за сместување на 30-на деца од село Трсино и околните населени места. Министерството целосно го реконструираше и адаптираше старото руинирано училиште и овозможи адаптација на простор за згрижување и едукација на децата од предучилишна возраст. Оваа градинка е дел од проектот за отварање градинки во руралните населени места. Ова е осмата, а се планирани 14 градинки во рурални населени места., Во 2014 г. е планирано отварање на градинка и во село Истибања, тоа е показател дека општина Виница ниту била, ниту ќе биде заборавена од страна на Владата на РМ. Целта на овој владин проект е и поттикнување на демографскиот развој и наталитетот во помалите населени места., истакна Министерот Спасов во своето обраќање пред жителите на с. Трсино.
Градоначалникот Емил Дончев како главен иницијатор за изградба на овој објект упати апел до родителите:
- Ги повикувам родителите да ги испраќаат децата во градинката. Оваа Влада континуирано прави напори и обезбедува подеднаквки услови за социјализација и школување за децата како во градот, така и во селата, јас сакам да ги охрабрам родителите кои не ги запишале своите деца, тоа да го направат што побрзо, да ги вклучат во образовниот процес навреме.
Според директорот Илија Јованов, деца од предучилишна возраст во селото има , двете простории опремени со санитарни јазли и со греење се сосема доволни за формирање на две групи со кои ќе работат воспитувачки и негувателки. За почеток градинката ќе стартува со десет дечиња.
Покрај Министерството за труд и социјала кое во адаптација и реконструкција на овој објект инвестираше околу 2 милиони денари, во опремувањето на градинката учествуваа и повеќе организации и фирми за кои директорот Јованов упати јавна благодарност : Тинекс , Рото-М, Здружение “Златно доба“; Националниот Совет за родова рамноправност; Мизеј “Теракота“; Макпрогрес; градоначалникот на Орангази, г-ин Исмаил Татар и ОУ “Никола Парапунов“.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk