Сите вести

Отворен нов капацитет за конзервирање на зеленчук и овошје

Hits: 3368

100 невработени лица од Виница започнаа сезонска работа со преработка и конзервирање на феферончиња произведени на нашите ниви, а кои ќе се продаваат на европскиот, најмногу на италијанскиот пазар.

Од денес официјално стартуваше новиот преработувачки капацитет “Провидент фуд груп“, домашна инвестиција на партнери од Виница и Подлог. “За почеток, во опремувањето на капацитетот инвестиравме 500.000 евра, ќе следуваат уште две фази кои треба да ја заокружат инвестицијата од околу 3 милиони евра. За почеток имаме ангажирано 100 луѓе, но паралелно со проширување на капацитетите очекуваме таа бројка да достигне од 400-500 работници.“, изјави Томислав Ѓорѓиев, директор на “Провидент фуд груп“.
Отварањето на овој погон отвара работа и за околу 400 земјоделски производители, кои веќе имаат потпишано договори со “Провидент фуд груп“ за производство на сорти зеленчук и овошје кои ќе бидат откупени и преработени токму овде.
Според плановите на сопствениците, за почеток ќе бидат фокусирани на феферончиња, а постепено во втората и третата фаза ќе продолжат со пакување и на кисели краставички, вишна, цреша и други производи од нашиот крај, така да бројката на кооперанти очекуваат да се заокружи на 1000. Крајната цел е да се создаде цела палета на конзервни производи што на европскиот и светскиот пазар ќе се продаваат под единствени име и како македонски бренд.
Инаку, ова е втор капацитет за преработка и конзервирање на зеленчук во Виничко, во Блатец веќе неколку години функционира мини погон кој работи исклучиво за италијанскиот пазар, а очекувањата се дека овој вид на произодство ќе продолжи да функционира и во други општини од источниот регион.