Сите вести

Во прва официјална посета на општина Виница делегација од полскиот град Киелце

Hits: 2713

Вчера во прва официјална посета на општина Виница престојуваше делегација од градот Киелце предводена од претседавачаот на Советот Томас Богуцки.

Запознавање со стопанските капацитети, културно - археолошките заменитости и туристички потенцијали, како и градење конкретни насоки за продлабочување на соработката помеѓу двата града , беше целта за иницирање на оваа средба.
На приемот кај градоначалникот Емил Дончев делегацијата настапи со конкретни понуди и покани за бизнис соработка во областа на прехранбената, месната индустрија, како и во областа на градежништвото и пласманот на вино. Воодушевени од вкусот и квалитетот на македонското вино, полјаците понудија алтернативи за извоз на нивниот пазар, а се интерисираа и за организирање туристички тури во источниот регион.
При посетата на СОУ “Ванчо Прќе“ паднаа и првите преговори за набавка на опрема за новите простории од машинската работилница во училиштето, а се разменија искуства и околу организирањето на наставата, превозот на учениците и расположивиот буџет на училиштата.
Со приватната компанија Макпрогрес се воспоставија првите контакти и разгледување на алтернативи за пласман на нивните производи на полскиот пазар. Во агендата на полската делегација беа и Домот на културата “Тошо Арсов“ кој веќе договори гостување на староградскиот ансамбл на Фестивал во Киелце, a следуваше и посета на Здравствен дом, каде се информираа за работата на итната помош и службите под државна капа.
Полјаците вчера имаа ретка можност да го проследат и настапот на фолклористите, учесници на 28-от МФФ Истибанско здравоживо.