Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Сите вести

ПОД - ПРОЕКТ “ИЗГРАДБА НА УЛИЦА 2008 ВО УРБАН БЛОК 12 И ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИ БРАЌА МИЛАДИНОВИ И ИЛИНДЕНСКА“

Општина Виница преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под - проектот „Изградба на улица 2008 во урбан блок 12 и изградба на атмосферска канализација на улици Браќа Миладинови и Илинденска“.

Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 12 месеци.
Во моментот улицата „2008“ е пробиен земјен пат. Проектот предвидува изградба на улица со должина од 512м. Проектот опфаќа коловозна конструкција со тампонски слој и два слоја асфалт, тротоари со бехатон плочки, изградба на атмосферска канализација со полиетиленски цевки, сливници и ревизиони шахти.
Дополнително, проектот предвидува изградба на атмосферска мрежа на улици „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во вкупна должина од 1.254 метри, со коругирани полиетиленски цевки, ревизиони шахти и сливници со што атмосферската вода ќе се одведува по природен тек до Градечка река.
За подетални информации околу самиот под-проект можете да го контактирате лицето Николов Горан, телефон 072 268 - 720 или да го симнете PDF документот на следниот линк

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk