Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Сите вести

ПОСЕТА НА БРАТСКАТА ОПШТИНА АПАТИН ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈНИТЕ 50 ГОДИНИ МАНИФЕСТАЦИЈА „РИБАРСКИ ВЕЧЕРИ„ И ЛИЧКА ОЛИМПИЈАДА

Делегација од Општина Виница во периодот 4-7 Јули 2013 година на покана на Претседателот на Општина Апатин, Д-р Живорад Смиљаниќ беа гости на 50ти „Рибарски Вечери„ и Личка Олимпијада кои се најпознати културно-забавни и спортски манифестации на градот Апатин.

Крстарење по дунав

За време на посетата делегацијата во состав Благица Андонова - претседател на Советот на Општина Виница, Вики Симова - советник за меѓународна соработка и ЕУ интеграции,Јордан Стојанов - директор на ОУ„Славчо Стојменски„, Игор Спасевски - директор на ЈКП „Солодарност„ ,Благица Стојанова - кустос во Музеј Теракота и Марко Николов - сопственик на хотел и рибник Слив остварија работни посети и рамена на искуства со раководните лица на повеќе јавни институции во градот.

Првиот ден се посети Домот на Култура и галеријата каде што се оддржа 2 меѓународна филателистичка изложба каде се разменија искуства помегу двата збратимени града Апатин и Виница.

Изложба на филателистика

Детска градинка пчела

Потоа следеше посета на детската градинка „Пчела„ каде се разменија искуства и се договори идна средба во Виница со можност за потпишување на меморандум за соработка и збратимување со детската градинка „Гоце Делчев„ од Виница.

Детска градинка пчела

Детска градинка пчела

Посета на општинската зграда на Апатин каде се разменија искуства помеѓу преставниците од двете општини.

Сала за седници на Советот на Општина Апатин

Исто така се посети Општина Апатин и се разменија искуства помеѓу преставниците од двете општини.

Граѓански Услужен Центар

Попладне делегацијата имаше средба со Претседателот на Апатин д-р Живорад Смиљаниќ и Зорица Балаќ, советник во Советот на Општина Апатин и претседател на здружението на жени „Ружа Црвена„ кое е формирано претходната година веднаш по посетата на делегација од Апатин на Виница каде беа примени во клубот на жени „Златно Доба „.

Клуб на жени во Апатин

Здружението го формирале инспирирани и поттикнати од срдечната посета во Виница од размената на искуства со ЗЖ „Златно Доба„.

Во иднина се договори за поинтезивни средби и дружења помеѓу жени од Апатин и Виница на разни полиња.

Во друштво на Претcедателот на Општина Апатин пред клубот на жени

На делегацијата им се приклучија и пчелари од Виница од здружението „Матица„ на кои домакини им беа пчелари од Апатин со кои разменија искуства и знаење.

Шеталиште и фонтана во градот Апатин

Организирано беше и крстарење по реката Дунав и посета на Марината, првославниот црковен храм на Светите Апостоли и посета на Основното Училиште „Жарко Зрењнанин„ од Апатин каде се разговараше за реализација на идни проектни активности помеѓу двете збратимени училишта.

Основно Училиште „Жарко Зрењанин„

Исто така се посети комуналното јавно претпријатие „Мој Дом„ каде директорите на Апатин и Виница разговараа за работењето на комуналните претпријатија и можности за нивна соработка во иднина преку користење на искуства и знаење.

Јавно Комунално Претпријатие „Мој Дом„

Бањата Јунаковиќ каде што беше сместена делегацијата од Виница во чиј склоп има болница за рехабилитација и физикална терапија и базени со геотермална бања отворени и затворени за медицинско лекување и рекреација со отворениот комплекс на базени и спортски терени за тенис и куглање преставува место од кое може во иднина да се искористат идеи и проекти кои ќе се применат и во Виница за искористување на геотермалните води во делот на изградба на отворени јавни базени за граѓаните на Виница и отварање на одделение во склоп на Здравствениот Дом за физикална терапија.

Бања Јунаковиќ

50 Апатински Рибарски Вечери натпревар во подготовка на рибина чорба

Личка Олимпијада

Автор: Вики Д. Симова
советник за меѓународна соработка и ЕУ интеграции

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk