Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Сите вести

ОУ „Славчо Стојменски“ стартува со Нансен моделот на образование

Учениците од македонска и турска националност во ОУ „Славчо Стојменски“ во новата учебна година ќе имаат можност да се дружат, комуницираат и учат и после школските часови.

Јазичните бариери ќе ги надминуваат со неформални активности кои ќе им бидат организирани од страна на наставници кои претходно ќе поминаат тренинг обука во Нансен Центарот во Скопје.
Градоначалникот Емил Дончев денес го потпиша Меморандумот за имплементација на проектот „Нансен модел за интегрирано образование“, кој го реализира Нансен Дијалог центарот со подршка на Министерството за образование и наука. Според извршниот директор на Нансен Центарот , Сашо Стојковски, финансиската подршка од Центарот е во стипендирање на наставници кои ќе посетуваат обука за работа на проектот, како и подршка на училиштето во различни активности. Инаку Нансен моделот на образование е модел кој ги охрабрува, негува и интегрира во себе мултиетничките вредности, двојазичноста, и истовремено ја промовира и поддржува соработката помеѓу учениците, наставниците и родителите која е втемелена врз почитувањето на разликите, градејќи притоа една кохезивна мултиетничка заедница. Општина Виница е 7 - та општина во РМ која започнува со имплементација на нансен моделот на образование кој стартуваше во 2008 г. во РМ.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk