Зајакнување на општинските совети (втора форумска сесија)
- Hits: 531
Општина Виница во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се реализира во рамки на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ве покануваме на втората Форумска сесија која ќе се одржи на ден 27.11.2023 година (понеделник) со почеток во 10.00 часот во Хотел ресторан „Александар парк“ Виница.
На форумската сесија ќе се дискутира за предлог концептите/проектите подготвени од страна на работните групи утврдени на првата сесија.
Вашето присуство е многу значајно и ве покануваме да земете учество и на оваа Форумска сесија да го кажете Вашето мислење.