Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Зајакнување на општинските совети

Општина Виница во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се реализира во рамки на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ве покануваме на првата Форумска сесија која ќе се одржи на ден 17.11.2023 година (петок) со почеток во 13.00 часот во Хотел ресторан „Александар парк“ Виница. На оваа форумска сесија ќе се дискутира за проекти од областа на социјалната инклузија во општина Виница, вклучувајќи и поврзани теми со заштита на животната средина, управување со ризици катастрофи (непогоди), енергетска ефикасност, родова еднаквост, ранливи групи на граѓани, добро владеење и меѓуетничка соработка. На Форумската сесија учество ќе земат сите заинтересирани локални чинители од општина Виница.
Преку Форумите во заедницата жителите на општина Виница ќе одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.
На форумските сесии присутните преку своето учество ќе може да даваат предлози и да учествуваат во подготовка на проекти од интерес на жителите на општина Виница. Низ форумскиот процес ќе се изработуваат и изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 УСД.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и подржани од жителите на општина Виница.

Со почит.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk