Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ПРИЈАВА (ОБРАЗЕЦ ДИ) ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОК НА ИМОТ ЗА 2022 ГОДИНА

Врз основа на член 29 од Законот за даноците на имот (Службен весник на РМ.бр.61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013…192/15, 23/16), Општина Виница истакнува

ЈАВНА ПОКАНА
За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година. Даночна пријава за утврдување на данок на имот се поднесува до 31 јануари 2022 година. Ја поднесуваат обврзниците на данок на имот- сопственици,корисници и плодоуживатели на недвижниот имот: земјишта (земјоделски, градежни, шумски и пасишта) и зградите – станбени згради (куќи) или станови, деловни згради и деловни простории, административни згради и административни простории, згради и станови за одмор и рекреација и други градежни објекти.
Даночната пријава се поднесува и во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот, отпочнувањето на користењето на имотот, односно настанувањето на даночната обврска, за имотот што се стекнува или почнува да се користи во текот на годината, или по некој друг основ настанува даночна обврска, до Општинската администрација на Општина Виница.
Даночната пријава се поднесува и за имотот за кој обврзникот веќе поднел пријава во случај кога настанува промена на податоците содржани во претходно поднесената даночна пријава, а кои се од влијание за висината на даночната обврска (доградби, надградби).
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk