Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Огласи и објави

Легализација на дивоградби

Општина Виница за да им излезе во пресрет на потребите на своите сограѓани, ќе ги отвори своите шалтери за собирање на "Барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење и бесправни објекти на здравствени установи за примарна, секундарна и терцијална здравствена заштита" од 08:00 до 20:00 часот, во деновите од 31.08 (среда) до 03.09 (сабота).

Постапката за легализација на бесправно изградените објекти можете да ја започнете со приложување само на

1. Барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење и бесправни објекти на здравствени установи за примарна, секундарна и терцијална здраствена заштита, кое можете да си го симнете овде или да го добиете од Инфо центарот на Општина Виница,

но подоцна ќе морате да го докомплетирате своето досие со:

2. Да уплатите 300 денари со пополнување на ПП- 50 образец. Начинот на пополнување можете да го видите овде;
3. Копија од лична карта;
4. Сметка за комуналии или сметка за струја не понова од февруари 2011 година и
5. Геодетски елаборат за објектот.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk