Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

ЈП „Солидарност“ - Виница ги известува граѓаните на градот Виница кои живеат на улиците Крушевска република, Христо Узунов, Глигор Прличев, Дедо Иљо Малешевски, Никола Ј. Вапцаров, Сава Ковачевиќ, Пиринска од раскрсницата со Крушевска република до раскрсницата со Пиринска, индустриските капацитети кои се наоѓаат на улица Крушевска република и Борис Трајковски, како и корисниците во м.в. Сушица, дека поради приклучување на новореконструираната водоводна мрежа во овој дел од градот, ќе биде запрен дотокот на вода во резервоарот Воден на 03.04.2022 година (недела) во 6 часот. Во текот на денот ќе се намали притисокот во мрежата се додека не се испразни резервоарот.

На 04.04.2022 година (понеделник) во 7 часот ќе почнеме со работа на приклучокот и додека не се заврши со работа ќе нема вода во мрежата. Се очекува до крајот на работното време водоснабдувањето да биде нормализирано.
Ви се извинуваме за овој прекин што мора да се направи, а секако после реконструкцијата ќе се зголеми квалитетот и постојаноста на водоснабдувањето во овој дел од градот.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk