Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Почитувани,
согласно Програмата за јавно здравје на населението во Општина Виница, на 11.07.2022 година (недела спрема понеделник), во раните утрински часови, на територијата на општина Виница ќе се изврши терестичко третирање за заштита од комарци.
Во втората фаза со дезинсекција ќе биде опфатена површина во градот Виница и населените места во општина Виница. Третирањето ќе се изврши од земја со препарат одобрен од Бирото за лекови на Република Македонија.
За таа цел, се известуваат пчеларите во општина Виница, да се преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирање на наведената дата, истото ќе се спроведе наредниот ден (во зависност од временските услови).

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk