Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Општина Виница објавува повик за изразување интерес на завршени средношколци, како кандидати за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент–Скопје.
Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Виница и Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје ќе додели 15 стипендии на студенти од општина Виница кои ќе бидат запишани на додипломски студии во академската 2022/2023 година, за четиригодишни студии(економски, туризам, меѓународен маркетинг, човечки ресурси, информатика и претприемништво), со целосно покриени трошоци за студирање.

Изборот на пријавени кандидати кои ќе бидат предложени за упис на студенти на Универзитетот за туризам и менаџмент–Скопје, ќе го спроведе Општинска Комисија од редовите на општинската администрација, за разгледување на документација од изразен интерес на завршени средношколци, преку формирани критериуми за избор.
Заинтересираните кандидати да се пријават на тел. 078/496-610 Валентина или тел. 070/950-982 Дарко од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот или на маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., НАЈДОЦНА до 15 август.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk