Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Денес секретарот и претставници на Општина Виница остварија средба со Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и вработени во општинската администрација.
Примарната цел на оваа посета беше да се соберат искуства во делот на административната постапка за репроцена на пазарната вредност на недвижниот имот во општината и утврдување на реална основа за оданочување.

Целта на репроцената која Општина Кавадарци ја има направено е фактичката состојба на имотот, евидентирање на промените кои се случиле од последната репроцена и праведно формирање на даночната основа.
Постапката за репроцената на недвижен имот која Општина Виница ќе ја започне ќе се одвива согласно законот за даноци на имот, по претходно утврдена методологија од страна на Министерството за транспорт и врски. Истата, ќе биде спроведена од стручна комисија од редот на општинската администрација, на секој недвижен имот, во сите населени места од општината.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk