Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Минатата недела од Министерството за животна средина и просторно планирање Градоначалникот Миле Петков доби одговор за претходен негов допис до нив, за тоа кога ќе биде дислоцирана депонијата кај с. Лески.

Според овој одговор, Општина Виница беше информиран дека овој месец ќе се одржи координативен состанок на кој ќе присуствуваат преставници од сите општини од Источниот и Севериосточниот регион со кој ќе се утврдат роковите за спроведување на Одлуката на Влада, во која е наведено дека комуналниот отпад од Општина Виница до изградба на Регионалната депонија во општина Свети Николе ќе се отстранува на временската локација м.в. „Тупанец“ во Општина Кочани.
Во меѓувреме Oпштина Виница склучи договор со фирмата ДПТУ Центар Комерц ДООЕЛ од Могила во вредност од 679.980,00 денари со кој правниот субјект беше обврзан депонијата да ја третира на природен начин, односно истата се третираше со природни алги, на начин што придонесува да се спречи нејзиното палење и согорување.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk