Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online

Во склоп на Младинската Акција „Од локална стратегија до локална младинска акција“ која успешно се реализираше на 18 Ноември 2021 година од страна на учениците од основните училишта и средното стручно училиште во Општина Виница која ја посети и Директорот на УСАИД, Ерик Јановски, се изработи и инфо еко флаер од страна на млади волонтери Петар Стоименовски и Борис Гошевски ученици во СОУ„Ванчо Прке“ – Виница, под менторство на професорот по информатика Никола Гаврилов и општинските службеници Валентина Манчевска и Вики Симова.

Инфо еко флаерот кратко го опишува и претставува процесот на планирање на Младинската Акција (поставување на нови клупи за седење на булеварот) и (репарирање и фарбање на старите клупи кои ќе се постават во селата каде што има поддрачни училишта и основни рурални училишта) со цел подобрување на јавните простори во населените места.
Фалерот има за цел подигнување на јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина и оддржување на јавната хигиена и екологија околу местата каде ќе биде поставена урбаната опрема.

Исто така со флаерот се поттикнуваат граѓаните заедно со младите да иницираа граѓански иницијативи и мали проекти со сопствено учество и волонтеризам со помош на Општина Виница и ЈКП Солидарност и ЈП Кале за заедничка реализација на акции кои ќе придонесат за создавање на поквалитетна, поздрава и почиста животна средина.

Да придонесеме сите заедно да ги сочуваме убавините кои во избилство ни ги подарила природата, да се грижиме за нивно опстојување како предуслов за подобро здравје и благосостојба.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk